
Натпреварите од Втората македонска фудбалска лига во живо ќе може да се следат на М Нет телевизија и во сезона 2026/2027 со што продолжува успешната соработка со Фудбалската федерација на Македонија.
Како и во изминатите пет сезони, од 15 август на М Нет телевизија ќе стартува шестата сезона на реализација на директни преноси од фудбалските стадиони низ Македонија каде ќе се игра второлигашки фудбал.
Соработката на М Нет телевизија и ФФМ беше воспоставена пред шест години и истата успешно се надоградува со заеднички доверба со што на гледачите им овозможуваме преноси во живо, а со тоа афирмацијата на Втората лига оди на повисоко ниво.
И во новата сезона ќе продолжи застапеноста на отворени студија, гости, анализи, со што ќе се обидеме второлигашкиот фудбал да оди скалило повеќе со медиумска покриеност.
Во изминатите пет сезони на М Нет телевизија можевте да следите дерби натпревари, натпревар кои одлучуваа кој да биде шампион, мечеви за опстанок, но имавме и комбинирани преноси тогаш кога најмногу беше возбудливо со цел гледачите да може да уживаат во домашниот фудбал.
Новата сезона започнува на 15 август, а со тоа стартуваат и преносите во живо на М Нет телевизија со првото воведно коло.
Александар Ванев, М-Нет