Нестабилното време продолжува – дожд и грмежи денеска, во петок и понеделник, но не како вчера

Пороен дожд со грмежи се очекува и денеска попладне, како и во петок и понеделник, но не со интензитетот на вчерашното силно невреме. Синоптичарите најавуваат дека денеска ќе има повремени врнежи и засилен ветер, но условите нема да бидат како вчера. Утре следува кратка стабилизација на времето, а од петок повторно се враќа влажна воздушна маса. Во понеделник се очекуваат и пообилни локални врнежи, проследени со пад на температурите. За М-Нет телевизија синоптичарите тврдар дека во наредниот период ќе преовладува посвежо време со пониски утрински температури.

,,Денес променливо облачно време и посвежо, ќе има повремени сончеви периоди, но ќе има и локални врнежи од дожд. Услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер ќе има и денес во попладневните часови, но не со јак интезитет. Денеска ќе дува умерен, а долж повардарието и истокот повремено засилен ветер, но нема да надминува брзина над 60 км на час. Денес максималната од 26 до 33 степени. Во текот на утрешниот ден ќе имаме стабилна временска состојба, но во петок ќе бидеме повторно под влијание на влажна воздушна маса, така што во понеделник ќе биде облачно со локални пообилни врнежи дожд. Во деновите од викедот ќе имаме ниски утрински температури, ведри утра. До крај на месец јули се очекува уште еден влажен бран во понеделник преку текот на денот.“, вели Фиданоска-Мишкоска

И покрај вчерашното невреме, водостоите на поголемите реки остануваат под контрола. Хидролозите велат дека Брегалница е стабилна и не се очекуваат поголеми зголемувања на нивото на реката.

,,На поголемите реки де што имаме хидролошки станици, немаше забележано поголеми зголемувања на водостоите, додека на некои помали суводолички сигурно имало излез на мало зголемување, но тоа хидролошките станици не го регистрирале. Што се однесува до река Брегалница, ситуацијата е стаиблница и не се очекуваат поголеми зголемувања на водостојот.“, вели Угрински

Според метеоролозите, ваквите временски ситуации не се невообичаени во летниот период. Наглите промени, локалните поројни дождови и грмежи се дел од карактеристиките на нестабилното летно време.

Иван Митев, М-Нет