Започна реконструкцијата на ул. ,,Борис Кидрич“ во Штип, од крстосница Дујле до зграда Промаја

Започна реконструкцијата на ул. ,,Борис Кидрич“ во Штип, од крстосница Дујле до зграда Промаја. Како што истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, оваа улица никогаш претходно не била реконструирана и затоа секоја година се соочувале со проблеми како што се чести дефекти на водоводната линија и прекопи. Улицата ќе се реконструира во период кога има најмала фреквенција во градот.

,,Сакам да ја известам јавноста за работењето на локалната самоуправа и ЈП Исар. Она коешто во моментот се работи е на ул. ,,Борис Кидрич“ почеток со комплетна реконструикција на една од најпрометните и главните сообраќајници во нашиот град од крстосница Дујле до зграда Промаја. Станува збор за една амортизирана улица кое во минатото никогаш темелно не била реконструирана и затоа секоја година практично имаме проблеми со самата сообраќајница со честите дефекти на водоводната линија и прекопи и затоа одлуката да се реконструира ул. ,,Борис Кидрич” од здрада Промаја до крстосницата Дујле ја донесовме во период кога имаме најмала фреквенција во централното градско подрачје“, тврди Јорданов

Градоначалникот Јорданов посочува дека од 25-ти овој месец ќе има делумно и целосно затворање на главната сообраќајница ,,Борис Кидрич“.

,,Првичната фаза којашто деновиве ќе се работи предвидува ист сообраќаен режим без позначајна промена, но веќе од 25-ти овој месец ќе има целосно и делумно затварање на главната сообраќајница ,,Борис Кидрич“, за да може ЈП Исар да работи на подземната инфрастуктура, водоводната инсталација за конечно долгорочно да се реши овој проблем”.

Директорот на ЈП Исар Александар Арсовски тврди дека сите вработени во Јавното претпријатие учествуваат во работните активности за решавање на долгогодишниот проблем. Тој додаде дека ул. ,,Борис Кидрич“ е подложна на чести дефекти на водоводната и канализациона мрежа. Директорот Арсовски истакна дека штипјани ќе се снабдуваат со чиста вода за пиење.

,, Сите вработени во ЈП даваат се од себе затоа што знаат дека по завршувањето на овие работни активности ќе се реши еден долгогодишен проблем на граѓаните на Општина Штип. Ул. ,,Борис Кидрич“ e подложна на чести дефекти на водоводната и канализационата мрежа во чести случаеви интервенираме и ги санираме тие дефекти, а конечно во соработка со Општина Штип и градоначалникот наидовме на разбирање и пристапуваме кон поставување на целосно нова водоводна и дел од ул. ,,Борис Кидрич“ канализациона мрежа. Проектот предвидува зафат на должина од 360 метри, а конечно цементно азбетните цевки ќе отидат во историјата и граѓаните на Општина Штип заслужуваат и ќе се водоснабдуваат со чиста вода за пиењe. Како што спомена градоначалникот зафатот ќе чини некаде околу 3 милиони денари“, рече Арсовски

Инаку, како што истакна градоначалникот Јорданов, за целосната реконструкција се предвидени околу 3 милиони денари.

Дајана Сандева, М-Нет