Сончево и многу топло време денеска, утре можен пороен дожд со грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 14 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе продолжи претежно стабилно и топло време, со умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец.

За утре, метеоролозите најавуваат локален развој на нестабилна облачност, која на одделни места ќе биде проследена со пороен дожд и грмежи.

Текстот Сончево и многу топло време денеска, утре можен пороен дожд со грмежи е превземен од МАКФАКС.