ЖКК Патриот од Делчево го гради ростерот за новата сезона – ново име е Мелани Панова од Пробиштип

ФОТО: ЖКК Патриот Делчево

Женскиот кошаркарски клуб Патриот од Делчево кој избори опстанок во Првата лига и за сезона 2026/2027 активно работи на формирањето на ростерот за следната сезона.

Клубот од Делчево ја продолжи соработката со Тамара Гоцевска која ќе биде дел од сениорскиот тим на Патриот и во следната сезона, тука ќе биде и Теона Николовска, како и Ана Стоименовска, а клубот од Делчево ја продолжи соработката и со најдобрата кошаркарка и капитен Ана Ангеловска, која и во следната сезона ќе го носи дресот на Патриот.

Во сениорскиот тим ќе биде Марјана Јовановска, дресот на Патриот ќе го носи и 22-годишната Елена Ангеловска, Мелани Стоименовска, во ростерот на тимот останува и Радмила Стоименовска, Ива Манова, Елена Димитровска е повратничка, која после поврената на колото го облекува дресот и подготвена ќе настапи за Патриот во следната сезона.

Ново засилување во редовите на ЖКК Патриот од Делчево е младата и талентирана Мелани Панова од Пробиштип, која е родена 2009 година. Последните две години успешно го носеше дресот на ЖКК Тим Арена од Штип.

Александар Ванев, М-Нет