Општина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров.
Оваа мерка, соопштија од општината, претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови предизвици.
„Младите се нашата иднина и наша најголема обврска. Со оваа мерка покажуваме дека Општина Ѓорче Петров ги вреднува учениците, го поддржува образованието и стои зад семејствата. За првпат воведуваме ваква поддршка, затоа што силна заедница се гради со грижа, посветеност и конкретни дела“, истакна Стојкоски.
Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека поддршката за младите, образованието и семејствата останува еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа.
„Силна заедница — силно Ѓорче Петров“.
Текстот Општина Ѓорче Петров: 360 полуматуранти добиваат еднократна поддршка од 5.000 денари е превземен од МАКФАКС.