Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Секоја од овие опозициски партии излегува со различен изговор. СДС е против олеснување на гласањето на македонската дијаспора, Левица доби повеќе пари па после се откажа, додека пак ДУИ, отвора нови услови за начинот на одлучување во ДИК.
Различни образложенија, но иста цел, а таа е да не се донесе нов Изборен законик, за да се создаде алиби за поразот на опозицијата на следниот изборен циклус“.
Очигледно е, вели Манасиевски, дека зад ваквото однесување стојат политички калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори.
ВМРО-ДПМНЕ, потенцира тој, останува доследно на ставот дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се олесни гласањето на дијаспората.
Текстот (Видео) Манасиевски: Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик е превземен од МАКФАКС.