Штип низ очите на врвна бразилска пијанистка: Гостопримството и храната ја освоија Џована Черанто

Врвната бразилска пијанистка, носителка на две магистерски дипломи и уметница со богата меѓународна кариера, Џована Черанто деновиве престојува во Штип како изведувач на „Штипско културно лето“. Иако за првпат ја посетува Македонија, таа не го крие воодушевувањето од земјата, а особено од гостопримството и топлината на штипјани. Според неа, токму луѓето се најголемото богатство на секоја држава, а Штип го доживеала како град со искрена и пријателска атмосфера.

„Убава држава е, исто така Штип е добар град, добри луѓе и се дружељубиви а тоа е најбитно за мене и сум многу среќна што сум овде. Има многу различности но исто така и многу работи кои се заеднички. Храната, храната е различна секако, а луѓето, луѓето се прексрасни и во Италија и во Бразил, па исто така и во Македонија. Јас вчера јадев овде во Македонија прекрасен хамбургер и сум среќна за тоа. Ајвар се уште не сум но морам да пробам. Прв пат сум во Македонија и сум овде веќе 5 дена. Прекрсано место е, сметам дека нема некоја голема разлика. Би живеела овде, да, да.“

Македонската кујна исто така оставила силен впечаток кај уметницата. Таа особено го пофали бургерот што го дегустирала за време на престојот во земјава, а истакна дека до заминувањетовели дека задолжително мора да го проба и препознатливиот македонски ајвар, за кој слушнала многу убави зборови.

Под силни импресии од престојот во земјава, Черанто не го криеше своето воодушевување од Македонија. Таа призна дека би сакала да остане барем уште неколку дена, а низ насмевка додаде дека без двоумење би живеела и во Македонија.

Дајана Сандева, М-Нет