Утре, променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за пороен дожд и грмежи

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Текстот Утре, променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.