Тројца штипјани поканети на одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на Ducati во Италија

Тројца штипјани, добија ексклузивна покана лично од извршниот директор Claudio Domenicali да присуствуваат на одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на Ducati во Италија.

Станува збор за еден од најзначајните настани во историјата на легендарниот италијански производител на мотоцикли, на кој присуствуваат илјадници љубители на Ducati од целиот свет, како и највисокото раководство на компанијата, познати возачи, инженери, дизајнери и бројни гости од мото-индустријата.

Во текот на тридневната програма се организираат свечени церемонии, презентации на најновите модели, изложба на историски мотоцикли, посети на музејот и фабриката на Ducati, средби со легендите на брендот, тест возења, концерти, вечерни забави и голема парада со илјадници Ducati мотоцикли.

Настанот претставува прослава на еден век иновации, врвни перформанси и италијански дизајн, а присуството на тројцата штипјани е големо признание и чест, бидејќи поканите се доделуваат на ограничен број специјални гости и долгогодишни поддржувачи на брендот.

Со ова, Штип и Македонија имаат свои претставници на една од најпрестижните светски мото-манифестации, која ја слави традицијата, страста и иднината на Ducati.