
Новата сезона во Првата женска фудбалска лига останува во формат од десет екипи, а во која сезона Скопје ќе ја брани шампионската титула, а Тиверија Брера ќе ја брани Куп титулата.
Наш претставник во квалификациите за Лигата на шампионите ќе биде екипата на Скопје, а победникот од Купот нема излез во Европа.
Конкуренцијата за титулата во новата сезона ќе биде голема, Скопје како силен предизвик за одбрана на титулата ќе гледа кон вицешампионот Тиверија Брера, кон Истатов и Каменица Саса, а од сенка ќе биде и Ас Јунајтед, додека поранешниот шампион Љуботен ќе биде под многу прашалници како ќе изгледа во следната сезона.
Нов прволигаш е Конзули од Битула, а екипата на Кочани преку бараж совладувајќи го составот на Билјанини Извори избори опстанок во прволигашкото друштво, што значи дека на Истокот прволигашки фудбал во женска конкуренција покрај во Кочани ќе се гледа и во Каменица Саса.
Изгледот на Првата женска фудбалска лига за сезона 2026/2027 ќе биде: Скопје, Тиверија Брера, Истатов, Љуботен, Каменица Саса, Ас Јунајтед, Вардар, Речица, Кочани и Конзули.
По градови или ако се погледне фудбалската карта на Македонија женски прволигашки фудбал ќе има во Скопје, Струмица, Тетово, Каменица Саса, Кочани, Струга, кумановска Речица и Битола.
Александар Ванев, М-Нет