
Второлигашот Новаци засега делува најактивен на трансфер пазарот, откако пред само два дена го претстави Петар Гугуљанов, сега го промовираше и Кирил Стојков.
Одново Новаци се засилува со фудбалер од Кожуф, Стојков доаѓа од редовите на второлигашот од Гевгелија, а се работи за 22-годишен фудбалер кој го прави својот прв трансфер. Потекнува од школата на Кожуф, каде ги мина си младински категории и заигра за сениорскиот тим на Кожуф. Стојков игра на десната бековска позиција, но може да игра и како лев бек и десно крило, што го прави доста корисен на теренот.
Стојков одново ќе соработува со штипскиот тренер Иван Варадиновски, а Гугуљанов одново ќе му биде соиграч на Стојков, сега во дресот на Новаци.
Во следниот период ќе има уште засилувања во тимот на Варадиновски, а сезоната Новаци ја отвара против Охрид во гости.
Александар Ванев, М-Нет