
Летниот трансфер период во македонската одбојка е отворен од вчера (1 јули), а истиот ќе биде отворен до 31 август 2026 година, период во кој екипите во машка и женска конкуренција ќе може да ангажираат нови засилувањата се за следната сезона 2026/2027.
Овој трансфер период е дефиниран од страна на Одбојкарската федерација на Македонија и се однесува за играчите кои настапуваат во клубовите од националните првенства, додека за странските играчи, односно интернационалците можноста за „промената на средината“ трае се до почетокот на новата натпреварувачка сезона. Временската рамка за новата натпреварувачка сезона ја дефинира Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), а Одбојкарската федерација на Македонија согласно насоките ќе го одреди почетокот на првенствата.
Како што информираат од федерацијата, истовремено започнува и постапката за пријавување на клубови во националните првенства во македонската одбојка за сезоната 2026/2027, кој трае до 15 август, а врз основа на пријавените клубови ќе се одреди и системот за натпреварување за престојните првенства, потенцираат од федерацијата.
Останува да видиме како ќе се засилуваат екипите, а со оглед на тоа што денес е втор ден откако е отворен летниот трансфер период во следниот период ќе се очекува активирање на клубовите со поголем интензитет.
Екипата на Штип УГД која испиша историја со освојување на двојната круна, ќе се активира на трансфер пазарот со цел да се задржи квалитетот, но и истиот и да се зголеми пред предизвиците кои ќе ги имаат штипјани во новата сезона, односно да се одбрани двојната круна, но и да се претстави достојно на европската сцена.
Како што претходно информираше М Нет телевизија одбојкарите ќе го добијат и новиот современ дом односно спортската сала „Џексон“ со што во далеку подобри услови и пред голем број на публика ќе пишуваат нови страници од клупската историја.