
Суперлигашот ГРК Тиквеш од Кавадарци продолжува со засилувањата за новата сезона, по промоцијата на Тоше Ончев и Мохамед Азиз Бен Махфуд, третото летно засилување е Борјан Цековски, ракометар од Свети Николе, а кој во редовите на тимот од Кавадарци доаѓа од редовите на МРК Куманово.
Се работи за 19-годишен кружен напаѓач и треба да биде големо освежување во тимот на ГРК Тиквеш. Низ кариерата покрај за МРК Куманово настапуваше и за КЛ7 Свети Николе, Овче Поле, Радовиш и Младост Богданци, каде играше како позајмен играч од МРК Куманово.
Тренерот Кристијан Грчевски работи на ростерот бидејќи за новата сезона влегува со големи амбиции, а пред кавадаречкиот состав покрај домашните предизвици ќе бидат и настапие во ЕХФ Европскиот Куп и за таа цел раководството на ГРК Тиквеш активно работи за подигање на квалитетот во сопствените редови.
Нов тренер на Еурофарм Пелистер 2 е Бранислав Ангеловски, кој ќе го води суперлигашот во новата сезона. Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер. Неговото претставување е предвидено е предвидено за почетокот на подготовките на крајот од месец јули.
Исто така од клубот информираат дека Фарук Мемиќ ќе биде асистент на Бранислав Ангеловски и нов координатор на младинските категории.
Александар Ванев, М-Нет