Плаќал по 100 денари ученичко осигурување за својот син, а кога затребало, останал без помош, Мемед од Конче бара правда, училиштето демантира

Со години плаќал по 100 денари за ученичко осигурување на својот син, но кога му затребала помош за своето дете, останал со празни раце. Вака Мемед Исов, татко на ученик во ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Конче, твдри дека неговиот син не добил никакво обештетување по тешка сообраќајна несреќа, која се случила пред два месеца, бидејќи тој тврди дека училиштето не му ја дала полисата за осигорување и му било кажано дека истотата не важи, бидејќи несреќата не се случила во кругот на училиштето. Исов вели дека неговиот син веќе поминал една тешка операција, има шипки во ногата, а го очекуваат уште една операција и долга рехабилитација.

,,Мојот син пред два месеци од сообраќајна несреќа е повреден, направен е опреација, има шипки во ногата, а ние за секое дете во училиштето годинашно по 100 денари осигорување си плаќаме. Јас аплицирав телефонски на класната на неговата што му е тука наставничка, велам има ли шанса од училиштето барем малку некој мал помош, бидејќи многу трошкови имам. Они ми кажаа таа сообраќајка ако се случи во кругот на училиштето, тогаш те следува, инаку не. Ме одбија дирекно. Секоја година ние сме активирани за 100 денари осигоровка. Нема шанси тоа ниту една година не се е. Teшка е операцијата, еве детто уште оди со стаки и повторно сега ке има операција. Сега физикална треба 20 дена да оди, а може и 80 посто како што велат докторите и инавлид да остане од овој случај.“, вели Немет

Во врска со случајот, М-Нет телевизија побара одговор од училиштето. Од таму велат дека ученикот нема платено ученичко осигурување и дека училиштето не исплаќа никакви оштети по повреди, туку тоа оди преку осигурителната компанија доколку постои важечка полиса.

„Во евиденцијата на училиштето, ученикот Ерсин Исов нема платено осигурување. Точно е дека родителот побарал од класниот раководител некакво обештетување, но училиштето нема начин да исплаќа за било какви незгоди. Доколку ученикот бил осигуран, тогаш осигурителната компанија го разгледува случајот и постапува согласно договорот“, велат од училиштето

Во врска со вакви случаи за ученичко осигурување, министерката за образование и наука Весна Јаневска уште пред неколку месеци истакна дека училиштата и општините треба внимателно да избираат со кои компании склучуваат договори и да водат сметка за правата на учениците. Таа тогаш додаде дека, доколку не се почитуваат договорите, училиштата треба да ги бараат своите права преку другите надлежни институции во државата.

,,Општинските училишта каде што МОН нема посебна ингеренција, има Општината, градоначалникот и советите. Имаат вообичаено праска да ги осигоруваат децата што и според мене не е лоша пракса. Она што е ингеренција на министерството е ние го променивме правилникот за тоа како треба да трошат парите, кои училиштетот ги собира од родителите односно од учениците, за разни активности, вкучително екскурзии, па еве и согигорувања. Училиштата, раководствата, па и оптшините треба да водат сметка со какви компании скучуваат договори и доколку не е соодветна одговорот на компанија кон договорот, секак ода си ги побараат праваата во другите институции на државата.“, вели Јаневска

Иван Митев, М-Нет