Ќе стигне ли пензијата за цел јули – без штедење, пензионерите велат тешко

Пензионерите ги зедоа пензиите, ама уште сега се прашуваат – ќе стаса ли пензијата до крајот на јули? До 31-ви имаат доста време, празници, жештини и секојдневни трошоци што го празнат паричникот. Велат, секој денар однапред е испланиран за сметки, лекови и храна. Додека едни решени да тргнат и нешто на страна , за други најважно е да го истуркаат месецот.

Велат дека од еден денар прават два за да го истуркаат месецот. Без штедење, додаваат, денес не може да се преживее со пензија.

Пензионерите велат дека најмногу пари им одат на храна, а сметката во маркет секојпат е се поголема. Тие додаваат дека цените не се намалуваат, туку напротив постојано растат. Затоа, велат, секое купување се прави внимателно и со пресметка

Иван Митев, М-Нет