
Нови министри ќе раководат со министерствата за земјоделство, здравство, локална самоуправа, култура и туризам, правда, односи меѓу заедниците, како и со ресорот социјална политика, демографија и млади и министер без ресор задолжен за инклузија на Ромите.
Премиерот Христијан Мицкоски ги соопшти имињата на дел од новите министри.
За социјална политика, демографија и млади е назначен Ѓоко Велковски, за здравство Сашо Клековски, а за локална самоуправа Иван Стоиковиќ.За останатите ресори ќе бидат предложени кандидати од коалициските партнери.
“Нов министер во ресорот за социјална политика, демографија и млади ќе биде досегашниот заменик министер, а тоа е Ѓоко Велковски. За здравство нов министер ќе биде Сашо Клековски, досегашен министер на фондот за здравствено осигорување. На негово место доаѓа досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински. За нов министер за локална самоуправа е Иван Стоиковиќ. Министер безресор задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата на инклузија на ромите ќе биде Ерџан Демир, дипломиран економист. Од политичката партија ВРЕДИ, ВЛЕН, нови министри ќе бидат номинирани во министерството за правда, култура и туризам и министерството за односи меѓу заедниците, додека пак политичката партија ЗНАМ ќе номинира свој кандидат во министерството за земјоделие.“, рече Мицкоски
Мицкоски порача дека смените во Владата и во партијата имаат за цел да внесат нова енергија и да го подобрат квалитетот на работата. Тој додаде дека новиот импулс треба да придонесе за уште поголема посветеност и резултати во работењето.
,,Сите овие смени и во рамките на партијата и владата имаат за цел да внесат нвоа енергија, да додадт вредност во квалтитетот на работата. Новата енергија е нов имплус зау ште повеќе работа.“, кажа Мицкоски
Со овие промени се заокружува дел од владината реконструкција. Дел од досегашните министри заминуваат од функциите, а на нивно место доаѓаат нови имиња во неколку клучни ресори.
Иван Митев, М-Нет