
Денес во Европската ракометна федерација беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампиони, со што македонскиот шампион Вардар ги доби противниците во својата група.
„Црвено-црните“ ќе бидат повторно во најелитното ракометно натпреварување во Европа, а Вардар ќе биде во групата Б заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок.
Двократниот европски првак Вардар одново ќе биде во елитното друштво, а Лигата на шампионите се враќа во Скопје.
Група А: Веспрем, Фуксе Берлин, Порто, Партизан
Група Б: Нант, Мелсунген, Висла Плок, Вардар
Група Ц: Алборг, ПСЖ, Загреб, Целје
Група Д: Спортинг, ПИК Сегед, ГОГ Гудме, Кристианштад
Група Е: Барселона, Монпелје, Динамо Букурешт, Архус
Група Ф: Магдебург, Киелце, Колстад, Криенс
Лигата на шампионите за сезона 2026/2027 ќе се игра по нов формат, откако ЕХФ одлучи да ја прошири Лигата на шампионите од 16 на 24 екипи, а стартот на групната фаза е закажан за септември, а набрзо се очекува да биде познат и распоредот на натпревари.
Александар Ванев, М-Нет