
Штипскиот градоначалник Иван Јорданов учествуваше на меѓународната конференција на градоначалници MUNIWORLD, која се одржа во Тел Авив, Израел.
На конференцијата, Јорданов присуствуваше заедно со амбасадорката на Израел во Македонија, Вивиан Аисен и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Локалните самоуправи во Израел претставуваат пример за добро организиран и ефикасен систем на управување, кој континуирано се развива преку иновации, современи решенија и високо ниво на услуги кон граѓаните.
На конференцијата, како што известува градоначалникот Јорданов оттаму, се дискутирало за современите предизвици и можности во развојот на општините, со посебен акцент на иновациите, технологијата и унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните, како и на подобрувањето на ефикасноста на локалното управување.
Ваквите меѓународни средби се значајни за градење посилни, поефикасни и граѓански ориентирани локални заедници, додаде тој.
Иван Митев, М-Нет