
40 годишната Пандора Таскова од Кочани тврди дека денеска со клоци, удари и закани од страна на неколку вработени, била исфрлена од кругот на фирма во близина на карбинското село Нов Караорман, откако пријавила наводни неправилности во работењето на компанијата каде што работи веќе четири години. Според нејзините тврдења, претходно подолг период била изложена на навреди и притисоци на работното место, а по пријавата, како што наведува, следувале закани и физички напад. Таа вели дека случајот го пријавила во полиција и побарала заштита од надлежните институции.
,,Па така јас на пузата зборев на телефон, го известував ова дека од шефот сум со грди зборови навредувана, дека газда не превзел ништо и тука настана од работниците гужва, зошто пријавувам, ќе им го земам лебот, не требало така да правам. Одма дојде и газдарицата, беше и таа известена. Газдарицата почна ќе зажалам за ова што го направи, ми рече дека тешко ќе платам. Што сакаше да каже со тие зборови, не знам. Исто сакам да кажам, дека лани овој период, од газдата кој е 58 години, ми има со зборовите слободна жена си, а он има исто фамилија, фамилијата му работе тука ако можам јас на него да му бидам швалерка за приватни работи. Јас тоа го одбив, пошто тој си има фамилија, јас со него не можам да бидам. По колите се воземе по шест души, седум. Комбето е за осум души, а се возе по 11 души. Полиција ниту го спорира, ништо. Исто така газдата има кажано дека полиции, телевизии, инспекциски ништо не му може, оваа фирма е 30 години. Дојде почна да ме малтретира, да ме удара, нарипа уште една почна да ме удара, со ритање за да ме изфрлат од кругот. Ми рече со овоа што го направи ќе зажалиш, ќе те убиеме, дека и да си ние ќе те најдеме. Tриесет години повеќе постои оваа фирма, ном стом работници има од сите нации, ама не сме осигурени. Провоцират ме цело време од таму, комбето помина, пак со страв додека да дојдете, на полицијата кажете, поскору, довагат и тука ме провоцират. Долната врата што е отворена таму се дерат викат, а јас бев овде на патот. “, вели Таскова
Таскова додава дека и покрај инцидентот и провокациите, останала на местото на настанот се до пристигнувањето на полицијата, по што побарала случајот да биде евидентиран.
,,Сега јас кога ме напади газдарицата од кругот, вработените 20 души се качија во црвеното комбе, ќе го покажам и комбето да се виде јавно кое е . Значи во едно комбе, значи ние сме 25 души, 5 души останаа сега на работа. Еве ке ги покажам и колите, со кои коли, еве со оваа кола се возиме седум души, а со оваа малата се возиме шест души. Мислам дека треба да ревземат, толку пријавувања, дека нема услови тука, ништо не е превземано, толку години работат, на крајот нападната и од вработени, закани од газдарицата, јас мислам дека треба да се превземе нешто. Доста не мачија, девет саати работиме за 1200 денари, четири саати останеме дополнителни за 600 денари, работиме 13 саата за 1800 денари.“, додаде Таскова
Во врска со случајот, М-Нет телевиизја се обрати до компанијата, кои оттаму во телефонски разговор истканаа дека целата ситуација е лажна и дека целта на лицето Пандора Таскова е оцрнување на фирмата. Полициски службеници од СВР Штип се на терен и работат на расчистување на случајот. Повеќе информации оттаму, се очекуваат по завршување на истрагата.
Иван Митев, М-Нет