
Избувна пожар во близина на црквата Свети Илија во Штип, но за среќа беше спречено неговото натамошно ширење кон околните објекти и централното градско подрачје. Благодарение на навремената и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица Штип, огнот бил брзо ставен под контрола и целосно локализиран.
Според првичните информации, пожарот зафатил сува вегетација и површина во околината на црквата. Пожарникарите навреме пристигнале на местото на настанот и успеале да спречат негово натамошно ширење.
За среќа, во моментот на избувнувањето на пожарот немало посилен ветер, што значително придонело да се спречи ширењето на огнот кон околните објекти и површини.
Од ТППЕ Штип уште еднаш апелираат до граѓаните на максимална внимателност, особено во период кога високите температури и сувата вегетација го зголемуваат ризикот од пожари на отворен простор.
Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, инцидентот завршил без поголеми последици и без загрозување на околните објекти во центарот на Штип.
Иван Митев, М-Нет