
Пијанечкото овчо сирење се продава како алва. Килограм достигнува цена од 500 до 550 денари, а купувачи има од Кочани, Штип, па и од Скопје. Сточарите велат дека сезоната е во полн ек и дека целото производство однапред наоѓа пласман. Марјан Стојановски еден од сточарите од Делчево вели дека годинава очекуваат да произведат околу 70 до 80 канти сирење.
,,Почнавме од 23 март, тогаш ги дадовме јагнињата и од 23 почнавме со музење, работа. Види сирењето ние сега овде го даваме по 500, 550 деенари чисто овчо. Па видете, нафатени сме, немаме што да работиме, во тие години каде ќе одиме Немаме друга егзистенција, исплаќа се или не, ние мораме да работиме, нешто белким од се ке остане и за нас. Бара се да, имаме приватно муштерии, бара се. Па вадиме во кантички да ви кажам, едно 70,80 броја вадиме. Кантите се од осум и од четири кила имаме и такви и такви.“, кажа Стојановски
Кога е во прашање побарувачката, Стојановски вели има доволно. Вели со помош на продажбата, може да се тргне нешто настрана и комотно да се помине годината.
,,По Штип, Скопје и од овде, сирењето го бараат. Тие што се редовни, што се вкусиле, арчат ја, троши се.“, вели Стојановски
Инаку, Стојановски е дециден производството на домашното традиционално овчо сирење, по стар рецепт, ќе се подготвува се до средината на септември. Иако наследици има се помалку, сточарите од овој крај, согласни од заработка има и дека е потребна за тоа само работа.
Иван Митев, М-Нет