Формиран нов клуб во село Уларци, но фудбалскиот терен изоран и посеан со жито, нема каде да играат и тренираат

Формиран нов фудбалски клуб во село Уларци, но селото остана без фудбалски терен, кој како што тврди Сане Арсов, истиот бил изоран и посеан со жито, со што младите од оваа село се ускратени од правото да имаа каде да спортуваат. Како што изјави Арсов за М Нет телевизија, фудбалски терен за кој како што тврди е изоран имал фудбалска традиција од 80 години.

„Ние веќе организиравме клубот и ќе го оживееме односно ќе го регистрираме, но немаме стадион. Година дена како е изоран стадионот, пред 4-5 години децата беа сите тука на стадионот. Скратено им е правото на младите деца, нема никакви услови. Мислам дека локалните власти го уништија стадионот во село Уларци. Нека виде јавноста, а ние како здружение ќе поднесеме до антикорупциска, до Влада, до основно јавно обвинителство, како 80 годишно спортско игралиште е доделено во земјоделско земјиште“, вели Арсов.

Како што вели Арсов разговарал со подрачното одделение на катастарот во Кочани за овој спортски терен.

„Јас само разговарав со подрачното одделение на катастарот во Кочани дека наводно било нива и затоа му било доделено на некој си субјект да го работи. Прашав зошто не е доделено спортското игралиште во Чешиново, во Облешево… не формирајте клуб ние ќе ви направиме стадион, тоа беа зборовите од подрачната единица на катастарот“, дополнува Арсов.

За новоформираниот клуб се отвара проблем каде ќе тренира и ќе ги игра натпреварите.

„Не сме разговарале со општината, сериозно не сме разговарале со општината, сакаме прво да си го обезбедеме теренот, клубот веќе зема играчи, сакаме да го регистрираме, да го активираме, веќе да се најде на фудбалската мапа на општинско ниво, дали ќе играме во Трета лига или општина, не е важно, ние веќе разговараме со неколку млади играчи“, изјави Арсов.

Новиот клуб од село Уларци е во план да започне со натпреварување од септември.

„Ние сакам веќе да го активираме клубот од септември, играчите ќе започнеме да ги регистрираме, ќе видиме во која лига ќе се натпреваруваме. Но, ќе бараме терен да имаме дека ни бил, 80 години стадионот сакаме да ни биде таму. Ќе одиме до крај со сите институции ќе се бориме да се врати стадионот. Ние нормално ќе бараме да се врати во правобитната состојба. Како е било дозволено и што е направено не знаеме, ние мораме да бараме да ни се врати, ние сакаме фудбалскиот клуб да биде во село Уларци, екипата да се натпреварува во село Уларци“, рече Арсов.

Новоформираниот клуб од село Уларци сега ќе мора да бара решение каде да тренира и да се натпреварува.

„Ќе побараме од општината, да видеме каде ќе ни дозволи додека да ни овозможе услови, ако треба ќе одеме и до министерот за спорт“, вели Арсов.

Според Арсов има млади дечиња кои се дел од младинските категории на Брегалница и Осогово, и ако сакат да се вратот во селото нема каде да спортуваат.

„Можам да кажам до пред година време младите спортуваа на теренот тука, пред година дена е изоран е доделено на личност тука од селото, насеано жито и веќе младите нема каде да спортуваат. Ние имаме четири дечиња млади кои играат во Брегалница и Осогово во младинските категории, тие можеби ќе се вратат во село Уларци да играт, каде ќе игра, на кој терен да играт. Треба да се праша сама Влада, ако вака прават во селата како ќе има деца во селата“, рече Арсов.

Одговор побаравме и од градоначалникот на општина Чешиново – Облешево, Јорданче Костадинов, во телефонски разговор за М Нет телевизија истакна дека како општина не се надлежни за овој терен бидејќи Министерството за земјоделие е надлежно и согласно сите законски норми е издадено на закупец кои редовно ги извршува своите обврски од договорот со Министерство.