По пожарот во Штип, ДЗС повторно повика искусни кадри да се вклучат во справувањето со пожарите

По големиот пожар во Штип, Дирекцијата за заштита и спасување, повторно повика на вклученост од страна на граѓани кои имаат најмалку пет години искуство во полицијата, армијата или противпожарните единици во гаснењето на шумски и пожари на отворен простор. На Дирекцијата за заштита и спасување и се потребни вакви лица за управување на специјални противпожарни возила, за работа на терен со водни ранци и метли и сл. Како што вчера после пожарот во Штип, соопшти директор на дирекцијата Стојанче Ангелов, тие во моментот располагаат со три оперативни ер-трактори, четири пилоти, со што се подготвени за сезоната на пожари. Благодарност тој упати до пожарникарите од сите ТППЕ, а особено до добровлните друштва од Штип и Кочани, на кој како што кажа дека максимално смета да бидат максимално вклучени.

На сите оние кои што ќе се пријават, од дирекцијата вчера посочија дека

ќе им бидат дадени 2.150 евра за три месеци, гаснејки ги пожарите на отворен простор кои претстојат во текот на летото.

Работното време ќе биде прилагодено на потребите за справување со пожарите на отворен простор, односно ќе оди на терен во деновите кога има зголемен обем на пожари и ќе се останува додека има потреба и услови за дејство.

Користењето на слободни денови ќе се договора во зависност од потребите на теренот и од потребите на ангажираните лица. Потребно е да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на возраста.

Иван Митев, М-Нет