Матурантите задоволни од денешното полагање на државната матура, очекуваат позитивни резултати

Денес матурантите полагаа матура по мајчин јазик, а впечатоците по завршувањето беа различни, но во глобала позитивни. Дел од нив споделија дека си поминале супер и дека тестот им бил лесен затоа што навреме учеле и се подготвувале доволно. Тие истакнаа дека и тестаторите биле коректни и дека целата атмосфера била пријатна и мирна. Сепак, имаше и такви кои рекоа дека испитот бил тежок и обемен, со задачи распослани на дваесетина до триесет страници. И покрај различните мислења, повеќето матуранти денешниот ден го оценија како успешно завршен и значаен чекор кон новото поглавје од нивниот живот.

„Супер си минавме, лесно беше бидејќи учевме, сите се спремавме доволно и така. Супер беа и тестаторите и се беше многу фино. Најверојатно економски факултет. Па зависи, секој има различно видување.“

„Тешко беше, многу страни можеби 20 страни 30. Па мислам дека подобро се живее, зависи, за мене да.“

Матурантите беа децидни дека имаат различни планови за во иднина во врска со нивното понатамошно образование. Некој иднината си ја гледаат во приватен факултет, некој на држевен а неко велат дека допрва ќе разлислуваат за тоа.

Матурантите денешното полагање го оценија како значаен и успешно завршен предизвик, и покрај различните впечатоци за тежината на тестот. Со јасни, но разновидни планови за иднината, тие оптимистички гледаат кон следното животно поглавје, без разлика дали ќе го продолжат образованието дома или надвор од државата.

Дајана Сандева, М-Нет