Делови од Скопје и околината денес без струја

Делови од Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето, информираат од ЕВН Македонија.

Во периодот од 7:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Покриена чаршија“ и дел од улицата „Ковачка“ во Старата чаршија, општина Чаир.

Од 8:00 до 14:00 часот прекин ќе има во селата Рашче, Бојане, Копаница, дел од Кондово, како и кај Хлорната станица Рашче, во општина Сарај.

Од 8:00 до 16:00 часот без струја ќе останат селата Добрино и Гумалево, како и селото Кадина Река во општина Зелениково.

Во истиот период прекин е најавен и за селата Смесница, Зелениково, Страхојадица, Тисовица, Дејковец и Ново Село.

Текстот Делови од Скопје и околината денес без струја е превземен од МАКФАКС.