Потребни напори за да се реализира на проектот за регионални депонии- истакна денес Михаил Рокас

Има доцнење во реализацијата на Регионалните центри за управување со отпад, но процесот мора да се забрза,м посочи денес европскиот амбасадор Михаил Рокас. Тој истакнува дека проектите се тесно поврзани со роковите и финансиската поддршка од ЕУ, вклучително и пречистителната станица за отпадни води, чиј договор треба да се финализира до крајот на годината. Според него, потребни се заеднички напори за навремена и успешна реализација на овие клучни инфраструктурни проекти.

„Исто така другата страна, што се однесува на Регионалниот центар за управување со отпад. Се разбира се разбира дека има задоцнување, како што има задоцнување во другите делови на самата Земја, затоа што не е само овој регионален центар само во одел дел. Неколку регионални центари за отпад, ширум земјата се предвидени, така да има задоцнување. Се разбира дека нивната реализација е тесно поврзана со плановите на ЕУ и роковите до кога можат тие да бидат искористени, како што веќе кажав, значи исто така и пречистителната станица за отпадни води, чиј што контактирање и потпишување на договор завршува при крајот на оваа година во целост. За сите овие проекти јас мислам дека треба да има забрзување, сите да направат напори за да се забрзаат сите овие процеси за да можат да се реализираат. Од другата страна, што е мислам уште поважно, треба на граѓаните да им се овозможат условите за да може да го соберат значи сметото или отпадот и да може да направат вистинска селекција, затоа што тоа е клучност за самиот успех на овој проект. Мислам дека треба да им се олесни на граѓаните, да може да си го соберат отпадот и после на редовна база да можат да направат селекција и исто така од друга страна се доизградбата на овие регионални центри, треба да се намали бројот на нелегалните депонии и мислам дека штом ќе може некако да се надмине оваа празнина, да можеме некако да ги искористиме финансиските средства, меѓутоа и овие можности, така да во врска со вашето прашање не можам да ве абдејтирам, затоа што ги немам последните информации.“- Михаил Рокас

Михаил Рокас истакнува дека клучно за успехот на проектите е на граѓаните да им се обезбедат соодветни услови за правилно собирање и селекција на отпадот. Тој додава дека паралелно со доизградбата на регионалните центри треба да се намали бројот на нелегалните депонии за целосно да се искористат финансиските средства и можности.

Михаил Рокас порача дека е неопходна посилна координација меѓу институциите за да не се пропуштат роковите поврзани со европската поддршка. Тој нагласи дека само со забрзани реформи, одговорност и активна вклученост на сите чинители може да се обезбеди одржлив систем за управување со отпадот во земјата.

Дајана Сандева, М-Нет