
Во екот на пролетната сезона, пчеларите се соочуваат со проблеми поради доцнењето на исплатата на субвенциите, кои се значаен дел од нивните приходи. Тие велат дека многумина влегле во пчеларството очекувајќи поголема заработка, но состојбата на пазарот не ги оправдала тие очекувања. Како што посочи пчелар Коста Сотировски од Биотола, тегла мед чини 500 денари, додека цената на прополисот е нешто поскапа.
„Со замите субвенциите луѓето се излажаа да речам, мислат дека ќе има некоја заработувачка, но не е таа заработувачка што беше некогаш, вредноста на медот, пчелните производи, медот, не е тоа тоа. Една тегла моментално 500 денари. Прополисот има повисока цена, исто тој зависи од квалитетот. Имаше прополис кој го проценуваа луѓето го лупуваа на големо, мислам големо, во поголема количина, некаде до 3000, 4000 имаше цена на килограм. Треба да биде квалитетен прополис, во иста година, некој се одкупуваше за 2000 денари, 2500 денари. Причините можеби се оправдани, затоа што верувам дека државата во касата ги има средствата, затоа што не може да се позајмува пари кога сака и кај сака, нема пари, нема пари за да исплати.“- Коста Сотировски
Тој вели е трпелив и дека имаат разбирање за доцнењето на субвенциите. Според него, тој веруваат дека причините за одложувањето се оправдани и објективни.
Сепак, нагласува дека доцнењето на исплатите им создава неизвесност во работата и планирањето. Тој додава дека навремената поддршка е клучна за стабилноста и развојот на пчеларството.
Дајана Сандева, М-Нет