
Блокадите на акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија се политика што, според премиерот Христијан Мицкоски, трае со децении и не е нова појава. Тој во денешната изјава за медиумите оцени дека претходните политички елити во државата не успеале навреме да ја препознаат ваквата политика и со своите одлуки создале дополнителни проблеми. Според него, дел од тие одлуки биле водени од краткорочни интереси и погрешни проценки дека сложените прашања можат лесно да се затворат.
„Претпоставувам таа политика трае со децении, не е тоа политика која што е од денес почната. За жал некој претходни политички елити кај нас тоа не успеаа да го препознаат. Они се водеа од личните интереси, мислејќи дека ако потпишат лист хартија, сите проблеми ќе бидат решени. Тоа така не иде, во реалниот свет, во реалната политика. За жал направија и други проблеми, за жал ќе треба тие проблеми да ги решаваме и ги решаваме еден по еден. Но, ќе се бориме, впрочем тоа е нашата задача да се бориме. Бргу и лесно ништо не доваѓа во животот, за се треба да се изборите и да победите. Сме покажале дека знаеме да победуваме, ќе победиме и овој пат, само замолувам за трпение.“- Христијан Мицкоски, премиер
Мицкоски нагласи дека Владата сега работи на надминување на тие наследени проблеми, чекор по чекор. Тој порача дека ќе продолжат со напорите и борбата, со уверување дека со трпение и упорност ќе се постигне успех.
Дајана Сандева, М-Нет