Со исповед, молитва и одрекување од мрсна храна, од денеска започна Петровденскиот пост

Со исповед пред духовниот пастир, засилена молитва и откажување од мрсна храна, православните верници од денеска го започнаа Петровденскиот пост. Во наредните месец дена тие ќе се подготвуваат за празникот на светите апостоли Петар и Павле преку духовно и телесно очистување. Свештениците велат дека се повеќе верници токму во деновите на постот пристапуваат кон светата тајна исповед. Постот, велат тие, не е само затоа што „сите постат“, туку повик за искрено покајание, смирение и вистинска духовна промена. Покрај воздржувањето од мрсна храна, тој подразбира и добри дела и преиспитување на сопствениот живот. Како правилно да се поминат деновите на пост и што значи вистинско духовно очистување?

,,Секој оној кој што сака да го следи Христа, прво треба да има духовен раководител, свештеник што ќе го раководи, што ќе внимава на неговиот духовен растеж. Секогаш треба да практикуваме утрински и вечерни молитви, постите редовно да ги одржуваме, но и да се исповедаме, бидејки исповетта е очистување на душата, како што преку постот го очистуваме и смируваме телото, бидејќи постот не е некоја дијета за да може да ослабниме или некое помодарство, но тоа е желба на секој христијанин да го смири малку телото, воздржувајки се од мрсна и обилна храна. Не значи дека сега ако не јадиме масло и да изедеме повеќе од што е потребно. Постот пак ќе кажам е воздржување од масна и обилна храна. Тоа е за телесниот пост.“, вели Јанев

Кога станува збор за духовниот пост, протојерејот Јанев вели дека тој треба да биде проследен со покајание и зголемена молитва. Посебно важно, додава тој, е човекот да се преиспита себеси и да ги согледа сопствените грешки, како дел од патот кон духовно очистување.

,,Како што рековме тоа е телесниот пост. Духодниот пост е со зголемена молтива, поголемо присуство на богослужбите, покајанаие најапред, осознавање на самиот себе гледајки во самиот себе да ги извади на мегдан сите оние лоши работи што го мачат и тиштат и замраќуваат телото и душата. Па така исповедувајки се, па потоа постејки да го прими телото и крвта христови. Бидејки ние кога треба да ни дојде некој важен гостин, ние подготвуваме, чистиме спремаме, за да го пречекам, па така треба и нашето тело да ги очистиме за да го примиме најголемиот гости Господ Исус Христос.“, додава Јанев

Инаку петровденските пости зависат од Велигден во однос на тоа дали ќе бидат пократки или подолги. Овие пости се поблаги во однос на велигденските и траат се до 12 јули. Овој празник посветен на светите апостоли менуваат ден, но никогаш датум и секогаш се пагаат на 12 и 13 јули.

Иван Митев, М-Нет