Поевтина струја од 5 до 10 % за граѓаните од следната година, најави премиерот Мицкоски

Поевтина струја до пет проценти за граѓаните од следната година, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, на прес конференцијата во Виница.

Тој рече дека во тек се подготовките и анализите потребни за набавка на електрична енергија за следната година. Според Мицкоски, целта е навремено обезбедување на електрична енергија по поповолни цени. Доколку предвиденото се оствари, граѓаните би можеле да плаќаат пониски сметки за струја.

,,Па во однос на цената на струјата правиме едно потрошувачко портфолинио, кое што треба да го усогласиме со дистрибутерот ЕВН и ЕСМ. Оваа или следната недела ќе имаме работен состанок, практично како се купува електричната енергија на пазарот, во случајот универзалниот снабдувач дистрибутеорт, односно снабдувачјот на електрична енергија објавува тендер на крајот од годината за цела следна година, така што ние сега практично ги подготвуваме сите индикатори за да можат они на крајот од годината да го распишат огласност и веќе за следната година да обезбедиме може би еден од ретките случаи ке биде во европа каде што граѓаните би добиле до 5 проценти, а може би и пониска електирчна енергија.“, рече Мицкоски

Како што тој денеска потенцираше од Виница, намалувањто ќе биде нешто што досега не се случило, искористувајки ги поволностите на обновливите извори на енергија, да се обезбеси просечна цена на електричната енерија.

„Тоа ќе биде нешто што досега не се случило, да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, а тоа е сонцето и во тој микс во текот на целата година да обзбедиме просечна цена на електричната енергија, која што eве јас сум умерен оптимист би била 5 до 10 проценти поевтина од сегашната.

Премиерот Мицкоски беше оптимистичен дека просечната цена на елекетричната енергија би можела да биде од 5 па се до 10 проценти поевтина од сегашната. Ова ќе биде олеснување на граѓаните, осебно за пензионерите.

Иван Митев, М-Нет