
Децата „летаат“ со електрични тротинети низ градските улици. Речиси секојдневно можат да се забележат како се движат меѓу возилата, што кај граѓаните и возачите го отвори прашања за тоа колку е прописно нивното учество во сообраќајот и дали малолетници смеат да управуваат со електрични тротинети. Само вчера полицијата изрече девет санкции за возачи на електрични тротинети, а во првите четири месеци од годинава се регистрирани 27 сообраќајни незгоди во кои тие учествувале. Граѓаните се децидни, одговорноста почнува од родителите, кои, како што велат, им купуваат тротинети на своите деца без да размислат за ризиците што ги носат.
Според правилата забрането е да се превезува друго лице на тротинетот, лицата под 14 години не смеат да управуваат со електричен тротинет, а максималната дозволена брзина е означена како 25 km/h.
Во Македонија се очекуваат и законски измени, како што соседна Грција размислува за целосна забрана за управување со електрични тротинети за деца под 18 години. Граѓаните категорични оти ред мора да има.
Иван Митев, М-Нет