
Фудбалскиот клуб Вардар од денес ги започнува подготовките за новата сезона, во која македонскиот шампион кој е најтрофеен клуб ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Како што се вели во клупското соопштение ростерот на клубот бил комплетиран повеќе од 20 дена наназад, 38 фудбалери, од кои 10 од младиската школа. Подготовени веќе биле договорени уште од 5 мај.
Вардар денес и ја продолжи соработката со генералниот спонзор со што според договорот ќе добие значителна годишна финансиска поддршка од еден милион евра.
Вардар сега со фокусот останува на подготовките и европските предизвици кои тимот ќе ги има, а во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, Вардар ќе оди по одбрана на титулата, но ќе атакува и на освојување на Купот односнo „вардарци“ одат по двојната круна.
Александар Ванев, М-Нет