Ја нападнал 22-годишната сопруга во семејниот дом: Кривична пријава за 37-годишник од виничко село

ОВР Виница поднесе кривична пријава против Н.П.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 22.05.2026 во семејната куќа во виничко село, пријавениот физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, констатирани во Здравствен дом Виница.