
Лоша е ситуацијата на земјоделците и сточарите, поради неисплатените субвенции, потенцираа денеска од Асоцијацијата на земјоделци. Згора на се, тие тврдат оти доцнат и пријавите на новите субвенции за следната година. Како што велат оттаму, пријавите требале да бидат достапни уште во средина мај, но како што додаваат се уште нема ништо.
,,Стадата се намалуваат тоа е веќе факт, но ќе видиме што же биде. Ситуацијата е многу лоша , субвенциите доцнат и тоа е голем проблем во земјоделието. Плус министерството за земјоделие почна да има и други проблеми. Да речеме околу доделување на земјоделско земјиште имаме пет, шест договори конкретно во Штип, дечките не беа уведени затоа што на површините има по 20 години узурпатори.“, вели Серафимов
Доколку немаат исплата на субвенциите и незадоволителна откупна цена на житариците, од асоцијацијата велат дека земјоделците се решени дури за протест. Како што велат никоја можност не е исклучена
,,Ништо не е исклучено, никоја можност не е исклучена, но чекаме да видеме што ќе се договориме на првиот состанок што ќе биде свикан мегутоа нема ништо. За состанокот се уште не знаеме кога ќе биде, но мислеме дека е веќе касно. Тоа требаше да биде уште пред месец дена, за да ги услогласуваме цените, мегутоа се уште нема ништо. Згора на се каснат и пријавувањата на нови субенциите за следната година. Требаше до 15 мај е веќе сме јуни и нема започнато пријавување на субвенциите.“, додава Серафимов
Инаку, во следниот период започнува жетвата на јачменот и пченицата, а во овчеполскиот регион според информациите на асоцијацијата, се очекуваат околу 2 ипол тони на хектар. Според нив, временските услови се одраз за оваа ситуација.
Иван Митев, М-Нет