
Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига заврши сезоната 2025/2026 во македонскиот фудбал. Екипите на заслужен одмор, се кројат плановите за новата сезона, се поставуваат целите кои клубовите би сакале да ги исполнат за новата сезона.
Веќе најголем дел од екипите особено оние со повисоки цели започнаа со преговори за нови играчи, а официјално летниот трансфер период во македонскиот фудбал ќе биде отворен на 15 јуни, кога и официјално екипите ќе може да ги регистрираат новите засилувања.
Летниот трансфер период ќе биде отворен се до 6 септември, кога истиот ќе биде затворен, а во овој период екипите ќе може да ги потврдат новите засилувања.
Во однос на летниот трансфер период кој е подолг, зимскиот трансфер период се отвара на 15 јануари, а се затвара на 11 февруари.
Александар Ванев, М-Нет