
На само две недели пред жетвата, земјоделците се уште не знаат по која цена ќе ја продаваат пченицата, а сушата веќе го преполови родот во делови од Источна Македонија. Од Асоцијацијата на земјоделци бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм, бидејќи производителите годинава се ставени под дополнителен притисок поради обврската да продадат дел од родот.
,,Жетвата е веќе на прагот, дури на некој места има и стасани жита за жетва, а ние се уште немаме никакви состаноци со министерството и со откупувачите за цената. Ние како асоцијација ќе бараме цената да не биде помала од 16 денари, ќе видиме како тоа ќе го прифатат откупувачите, затоа што оваа година сме условени а продаваме и 30 посто од родот и тука може тие со тоа да уште повеќе да сакаат да ја намалат цената, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Југоисточна Македонија и источна веќе три месеци немаме дождови и приносот ќе биде многу помал, за разлика од западот. Кај нас нема да биде повеќе од 250 до 300 килограми или два ипол тони по хектар. “, вели Серафимов
Од асоцијацијата на земјоделци велат дека се уште немаат никаков состанок со министерството и откупувачите за да се формира цената. Згора на тоа годинава доцнат и субвенциите во речиси сите гранки на земјоделието, револтирани оттаму.
,,За 15 до 20 дена ќе биде во полн ек жетвата, а викаме дека се уште немаме никаков состанок со потсекторската група во земјоделието за да се формира цената ниту за јачменот, ниту за пченицата. Згора на тоа, годинава доцнат и субвенциите за житарицата, но и за остантите гранки.“, додава Серафимов
Инаку, како што најавија од асоцијацијата, годината во истокот се очекуваат најмногу два ипол тони пченица по хектар. Серафимов од асоцијацијата дециден оти временските услови се одраз за ваквата ситуација.
Иван Митев, М-Нет