
Во Општина Штип денес беше одржана промоција на резултатите од активностите во рамки на проектот за формирање на Ресурсен Центар за повратници и маргинализирани категории лица. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека новиот центар ќе обезбедува административна и социјална поддршка за граѓаните, со цел унапредување на квалитетот на јавните услуги. Тој нагласи дека проектот претставува значаен чекор во насока на подобра поддршка и поголема инклузија на ранливите категории во локалната заедница.
„Сме дел од промоцијата на еден проект, ресурсен центар, во рамките на административната зграда на општина Штип, за повратници од западно европските држави, но и за маргинализирани категории на наши сограѓани, преку кои што ресурсен центар ќе се даде една административна, социјална подршка на оваа категорија на наши сограѓани.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип
Професорот Дарко Лазаров посочи дека проектот овозможува практично искуство за студентите. Проектот беше оценет како значаен чекор за локалната заедница.
„Универзитетот посетува многу внимание не само на градење на теоретски академски знаења за своите студенти туку и креирање на можности преку вакви конкретни проекти, студентите да мжат да стекнат практично знаење практично искуство, компентенции работејќи директно во различни институции, во компании, во општествени невладени организации. – Дарко Лазаров
Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека просториите на ресурсниот центар ќе бидат сместени во рамки на општинската зграда. Тој нагласи дека станува збор за важен чекор во унапредување на општинските услуги и поддршката за граѓаните. Дополнително посочи дека центарот ќе биде достапен за сите кои имаат потреба од административна, социјална поддршка или обуки.
„Просториите ќе бидат во рамки на општинската зграда. Секако дека ова е само еден чекор во унапредување на состојбата која е неопходна за нашите сограѓани да имаат соодветна услуга од нас како административен сервис. Така да сите овие проекти кои се реализираат се за добробит на граѓаните и очекувам сите оние граѓани кои ќе имаат било каква подршка, административан, социјална, потреба од обуки да го искористат овој ресурсен центар.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип
Преку ресурсниот центар се очекува да се обезбеди поефикасна поддршка за повратниците и ранливите категории во Општина Штип.
Дајана Сандева, М-Нет