
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денес во својот кабинет организираше прием на Лука Ананиев, кој освои брозен медал на Европското првенство во борење со 15 години.
За Ананиев ова е уште еден голем успех, кој го направи на ЕП кое се одржуваше во Самоков, Бугарија.
На средбата покрај Лука Ананиев присуствуаа и Марио Ананиев, Зоран Шоров, како и тренерите и соработниците кои придонесуваат во развојот на младите спортистите.
Градоначалникот Јорданов му го честиташе успехот на Лука Ананиев, кој е стипендист на општина Штип во рамки на Правилникот за подддршка на усшешни ученици спортисти, со што уште еднаш се потврува дека Ананиев е голема иднина на македонското борење и гордост на градот под Исарот.
Градоначалникот Јорданов нагласи дека овој значаен резултат претставува гордост не само за Штип, туку и за целата држава, бидејќи успехот на малдите спортисти е најдобрата потврда за нивната посветеност, труд и истрајност. Воедно, тој посочи дека еден од приоритетите на општина Штип во наредниот период ќе биде понатамошно подобрување на условите во спортската инфраструктура и создавање подобри можност за работа и развој на спортистите, со цел остварување на уште поголеми успеси на домашната и меѓународната сцена.

На самата средба првиот човек на градот истакна дека и во иднина спортот ќе остане меѓу главните приоритети на локалната самоуправа, имајќи предвид дека истиот придонесува за развивање на здрави животни навики кај младите, поттикнува дисциплина, одговорност, посветеност и тимски дух, како и афирмација на општина Штип и Република Македонија преку врвни спортски достигнувања.
Младиот македонски борач Лука Ананиев оствари голем успех на Европското првенство до 15 погоди, а бронзениот медал го освои во категорија до 48 килограми.
Александар Ванев, М-Нет