Во Германија почина Сибел Омерова медициниска сестра во КБ Штип, згасна надежта по деновите исполнети со борба и солидарност

Штипската јавност денеска е завиена во тага по веста дека почина Сибел Омерова, младата медицинска сестра од кардиолошкото одделение на КБ Штип за која во минатото се собираа донации со надеж дека ќе и се спаси животот.

Омерова се наоѓаше во тешка здравствена состојба и беше на лекување во Германија, а бројни хумани граѓани од Штип и од целата држава се вклучија во апелите за помош, покажувајќи голема човечност и солидарност. За жал, и покрај сите напори на медицинскиот персонал и поддршката од јавноста, битката за нејзиниот живот беше загубена.

Веста за нејзината смрт предизвика силни емоции и тага кај сите што ја следеа нејзината борба, но и потсетување на кревкоста на животот и значењето на заедништвото во најтешките моменти.

Дајана Сандева, М-Нет