
На две кола до крајот останува дилемата во Првата ракометна лига на Македонија кој ќе биде шампион и директно ќе патува во Супер лигата за следната сезона, а кој ќе игра бараж за влез во елитната.
Мулти Есенс е прв со 42 бодови, а на последните две кола тимот од Автокоманда го очекуваат две дерби соочувања – против Вардар Неготино во гости и на домашен терен против Драчево Јуниор.
Младост е втор со 41 бод, еден помалку од лидерот Мулти Есенс, со тоа што тимот од Богданци има полесна задача бидејќи ќе игра против Аеродром во гости и дома против Преспа, а тоа ќе значи дека Младост ќе се надева на „кикс“ на конкурентот за да избие прв, но доколку Мулти Есенс ги добие двата натпревари тогаш ќе стане шампион и ќе има директен влез во Прва лига, а Младост ќе игра бараж со Струга.
Драчево Јуниор сигурно ќе заврши на третото место, а пак Вардар Неготино и Македонија ЃП влегуваат во трка за четвртото место.
Аеродром, Текстилец, а од сенка и Јехона ќе водат борба за шестото место, штипјани до крајот ќе играат против Драчево Јуниор во гости каде ќе им биде тешко за освојување на бодови, а сезоната ќе ја завршат против Шампион на домашен терен.
Партизан и Овче Поле во трка за деветтото место, Преспа ќе заврши како единаесета на табелата, а пак Шампион ќе биде претпоследен, на дното формално откажаниот Кичево.
Александар Ванев, М-Нет