
Каменица Саса и Тиверија Брера ќе се соочат во големото финале од Купот на Македонија во женска конкуренција.
Големото финале е закажано за 14 мај (четврток) со почеток од 15 часот, а ќе се игра на стадионот во Ѓорче.
Екипата од Македонска Каменица во финалето стигна без да игра во полуфиналето, откако Љуботен не се појави за да го одигра полуфиналниот меч од Купот, па така „рударките“ со службена победа обезбедија место во финалето.
Струмичанки до финалето стигнаа откако во полуфиналето со 1:6 славеа над Топ Гол во Битола.
Александар Ванев, М-Нет