Вардар со порака на поддршка: Охрид ја испишува европската приказна на македонскиот ракомет


Ракометната јавност во Македонија обединето застана зад успехот на РК Охрид, откако тимот обезбеди историски пласман во финалето на ЕХФ Европски куп. Меѓу првите што упатија честитки беше и РК Вардар, испраќајќи силна порака за единство и поддршка.
Од таборот на Вардар потенцираат дека самиот пласман во европско финале претставува потврда за квалитетот, посветеноста и вербата што ја гради охридскиот состав, нагласувајќи дека ваквите успеси се гордост за целата ракометна заедница во земјата.
„Кога македонски клуб испишува европска приказна, тоа е успех што заслужува аплауз“, порачуваат од Вардар, посакувајќи му на Охрид многу среќа во финалниот натпревар, достоинствен настап и нов голем момент за македонскиот спорт.