Струмица 2001 го направи првиот чекор на патот кон Супер лигата

Со ппбеда на Струмица 2001, на крјаот и убедлива (84:69) против Бутел, стартуваше финалната серија од доигрувањето во Првата Македонска лига кое треба да го даде новиот член на Супер лигата.

На свој терен, струмичани беа убедливи во дуелот со екипата на Бутел.

СТРУМИЦА 2001 – БУТЕЛ 84:69 (1-0)

Освен во првата четвртина се друго беше на страна на домашните кошаркарки.

Гостите од Бутел водеа со (17:16), во првата четвртина, Бно во продолжението на играта, струмичани брзо дојдоа до солидна предност.

До крајот на првото полувреме, поведоа со (42:35), а на истекот на третата делница, разликата беше уште поголема, двоцифрена (59:49), и недостижна за гостите од Скопје.

Се покажа како доволна за првиот успех на струмичани во оваа серија која го промовира новиот член во суперлигашката конкуренција.

Д. Пандев со 21. поен го предводеше својот тим кон првиот успех во серијата. Александровски постигна 15.поени, Масевски 13, а Јовановиќ уште 11.

Во гостинската екипа, Атанасов се врати со реализација на 22.поени, заигра и Киров, кој постигна 15, Мартиноски имаше 14, а Јанески уште десет поени.

Екипата на Бутел ќе биде домаќин на вториот меч од оваа серија која се игра според принципот „подобар од три натпревари“.(КФМ)