ФК „Кежовица – Јуниор“ како школа ги отвара капиите за младите фудбалски таленти

На хоризонтот на спортски Штип нова ренесанса на младинските школи во кои во главна улога се фудбалските фанатици од славното Ново Село. Веќе е формирана нова фудбалска школа под името „Кежовица Јуниор кидс“ за дечиња родени од 2009 – 2015 година. За овие најмали возрасни категории ќе бидат опфатени најразлични природни форми на движење, игри и спортски вештини под будното око на тренерскиот квартет составен од искусните, проверени и докажани тренерски имиња : Венцо Зафиров, Марјан Николов, Гоше Николов и Александар Берков.

Фудбалската школа ќе работи во идеални теренски услови на стадионот на Кежовица кои благодарејќи на вредниот фудбалски работник и фанатик Зоран Саздов – Шилец е во одлична кондиција со сите неопходни инфраструктурни елементи и фудбалски реквизити. Сите оние млади дечиња кои ја милуваат фудбалската игра и кои саакат да ги осетат фудбалските благодети можат да се пријават, капиите на школата им се ширум отворени и тренерите со нетрпение ги очекуваат,подготвени за фудбалската работа.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk