
Во финале со многу погодоци Проект уште еднаш покажа зошто доминира во македонскиот футсал и со неверојатен резултат од 8:3 славеше над Кеги Моби за Куп титула, а со тоа тимот од Јосифово ги обедини двете круни.
Само пет минути беа потребни за Проект да дојде до предност од два погодоци, а на полувреме предноста беше 5:1. Во вториот дел на рутина беше потврдена победата од 8:3.
За Проект хет-трик постигна Горан Стојанов, двоен стрелец беше Никола Анчевски, а по еден гол постигнаа Бојан Јанев, искуснииот Мартин Тодоровски и Ѓорги Коцевски, додека пак за тимот на Кеги Моби двоен стрелец беше Кирил Ивановски, а еден гол беше дело на Трајче Трајков.
Проект претходно ја освои шампионската титула во Првата футсал лига, а сега ја подигна и Куп титулата за обединување на двете круни.
Тимот од Јосифово е единствениот кој во македонскиот футсал нема ниту реми ниту пораз, односно нижи само победи и тоа убедливи. Инаку, Проект ќе биде наш претставеник во квалификациите за Лига на шампиони.
Александар Ванев, М-Нет