
В сабота се игра дербито на Истокот меѓу Беласица и Брегалница, пресметка од 27. коло на Втората лига, дерби во кое штипјани имаат голем влог и ќе мора да ја освојат Струмица на патот кон Прва лига.
Дерби кое ќе го следите во живот на М Нет телевизија.
Брегалница не смее да го погреши ќе мора да ја добие Беласица и како лидер потоа да ја пречека Шкендија Арачиново во Штип и сама да решава дали следната сезона ќе игра во Прва лига.
Беласица и натаму е во математичка игра за трето место и бараж за Прва лига. На првото соочување Беласица славеше со минимални 0:1 во Штип над Брегалница.
Брегалница како лидер ќе гостува во Струмица со 61 бод, меѓутоа формата на двете екипи е многу интересна, бидејќи во гости играат далеку подобро отколку на домашен терен. Брегалница од 61 бод во гости има освоени 32 и со тоа е прва, а пак Беласица во гости има 29 бодови и е втора, но на домашен терен Брегалница е петта со 29 освоени бодови, а Беласица е деветта со 23 бодови.
Ако гледаме според формата на гостински терен, но и според формата од последни пет средби Брегалница има блага фаворитска предност, а Беласица ќе се потпира на домашен терен и на поддршката од верната публика.
Преносот од Струмица на М Нет телевизија ќе започне во 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет