
Ракометарите на Вардар ја освоија својата 18-та Куп титула, откако во финалето славеа со 24:23 над Охрид во салата „Парк“ во Струмица.
Вардар подобри го отвори натпреварот и рано создаде предност, но сепак, охриѓани постепено ја топеа таа предност и на полувреме заминаа со негатива од 13:12.
Во вториот дел се случи и пресврт кога Охрид дојде до предснот од 17:20, а финишот беше вистинска драма која ја доби Вардар со 24:23.
Голманот Валах беше неверојатен на голот на Вардар, а Малус и Хориха беа максимално прецизни. Кај Охрид се истакнаа Ѓукиќ и Јасухира.
Словенечкиот бек Јака Малус беше избран за МВП на завршниот турнир во Струмица, а тој беше и најдобар стрелец, додека пак Кристијан Пилиповиќ беше најдобар голман.
Кај дамите екипата на Ѓорче Петров го совладаа храбриот Спартак со 33:30 за нова Куп титула. Во своето прво Куп финале екипата на Спартак прикажа одлична игра и имаше свои моменти од мечот кога можеше и да го добие и да направи вистинска Куп сензација.
Иако „лавиците“ беа фаворити, сепак имаа големите потешкотии за да ја оправдаат фаворитската улога, во неколку наврати имаше сериозен проблем во играта тимот на Ѓорче Петров, но на крајот на искуство го доби финалето.
За Ѓорче Петров ова е 19-та Куп титула и ја продолжува доминацијата.
Марија Гугуљанова од екипата на Ѓорче Петров беше МВП на турнирот, а две индивидуални признание собра Спартак, Сузана Зечевиќ беше најдобар стрелец, а Слободанка Кицеска најдобар голман.
Александар Ванев, М-Нет