
По Велигден, нови предлог мерки за справување со инфлацијата најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција. Тој информираше дека се прават анализи и проверки за можни злоупотреби и непазарно однесување кај дел од трговците. Потсети дека во март и април 2022 година инфлацијата достигнала двоцифрено ниво, односно околу 10,5 проценти. Владата, најави Мицкоски, наскоро ќе излезе со конкретни решенија за дополнителна заштита на стандардот на граѓаните.
,,Очекуваме инфлацијата да се движи меѓу 4 ипол и 5 проценти во март месец. Ги правиме анализите и се разбира дека ќе донесеме одлука како и што понатаму ќе правиме. Ги правиме анализите во насока на тоа да видиме дали има злоупотреба и непазарно однесување на одредени трговски оператори. Само да ве потсетам дека во март и април 2022 стапката на инфлација е двоцифрена, односно 10 ипол проценти. Мислам дека со овие корекции кои што ги направивме и со овие почетни мерки намалување на ддв и можноста да се намали кацизата ние ги препопловивме можностите за двојно поголема инфлација од тоа кое што се очекуваште и според мегународни финансиски институции. Очекувам на следната владина седница после Велигден да предложиме нови мерки.“, кажа Мицкоски
Како што дополнително истакна премиерот Христијан Мицкоски, одлуките нема да се носат под притисок, туку внимателно, бидејќи како што рече не се знае колку долго ќе трае оваа криза, а државата мора да биде подготвена за подолг период.
,,Рековме под притисок не смееме да носиме одлуки, туку паметно и мудро, бидејќи никој не знае колку долго ќе трае оваа криза и мораме да се подгтовиме за подолг период, а да бидеме среќни ако заврши побргу. Веќе следните мерки би биле повеќе таргетирани за одредени целни групи на граѓани и одредени произоди, зборувам пред се на основни прехрабени производи. Истите би биле комбинирани со намалување на данокот на додадена вредност, но и со ограничување на профитната маржа. Веќе во таа насока би се движеле мерките. Инаку законот е готов, јас имав состанок со претседателката на комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање е кога истиот ќе влезе во владина процедура.“, додава Мицкоски
Инаку, според информациите на премирот, измените на закнот за нефер трговски практики, за зголемување на казните се чека да биде ставен на владина процедура.
Иван Митев, М-Нет