Соколи и Струмица го делат врвот во Првата кошаркарска лига – двете екипи перфектни во трката за влез во Суперлигата

Вардар и Охрид им направија услуга на водечките Соколи од Штип и Струмица во плеј-офот на Првата кошаркарска лига. Ваквата услуга доаѓа откако Вардар успеа да слави над фаворитот Бутел со 93:90, а пак Охрид го изненади Борец Баскет со тесни 77:76.

Соколи на гостување во Прилеп славеше убедлива победа од 88:106 над Мега Баскет, а пак Струмица си 82:125 го декласираше тимот на Водно Санс.

Ваквите резултати направија промени на табелата. Соколи од Штип и Струмица со по 21 бод го делат првото место во плеј-офот, а пак Бутел и Борец Баскет сега го делат третото место со по 20 бодови. Тимот на Вардар е петти со 17 бодови, Мега Баскет е шести со 16 бодови.

Во долниот дел Охрид е седми со 15 бодови, а пак Водно Санс е последен со 14 бодови.

Сега штипјани и струмичани ќе ја водат трката кој да остане на врвот, а двете екипи имаат големи амбиции следната сезона да играат во кошаркарската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет